Potomstvoto na Aleksandar

Published in Republic of Macedonia (FYROM) - Political debates and analysis - 02 Jun 2016 23:41 - 1

ЈАНЕ САНДАНСКИНа 30 мај 1872 год. (18 мај по стар стил) во селото Влахи, Мелничко, Пиринска Македонија е роден еден од најголемите македонски синови, Пиринскиот цар Јане Сандански.Потекнува од револуционерно семејство. Татко му Иван Сандански бил знаменосец на чета во Кресненското (Македонското) востание од 1878 година, кога Јане имал само 6 години, а во родното село на Јане бил и главниот штаб на востанието.Бидејќи после востанието селото е опожарено од Турците, а била запалена и црквата, семејството на Сандански се сели во Дупница, Бугарија.Во 1878 год. благодарение на Русите, Бугарија била ослободена од Турците и се формирала во млада држава, односно кнежество.Во 1877 година, Русија започнува војна против Турција, ја поразува турската војска, ја ослободува Бугарија, и Русите на Бугарите им поклонуваат држава, која е потврдена на Берлинскиот конгрес во јуни 1878 година.Затоа подоцна многу македонски револуционери. војувајќи против Турците, привремено ќе се засолнуваат на бугарска територија, затоа што таму немало Турци.Во 1897 год. во Дупница, Сандански станува член на друштвото “Младост“, а потоа и негов претседател. Целта на друштвото како што ќе нагласи Сандански била “самообразование и групирање“.Уште во гимназијата почнува да чита револуционерна литература.Сандански ја продолжил својата страст кон читањето, дома си создал и своја мала библиотека во која најбројни биле револуционерните дела.Негов најголем интерес биле историјата и општеството.Постојано следел што се случува на општествен и политички план.САНДАНСКИ СТАПУВА ВО РЕДОВИТЕ НА ВМРОВо 1899 година Јане првпат се сретнува со Никола Малешевски и со Гоце Делчев, а набргу потоа и со Ѓорче Петров.Тие детално го запознаваат со програмата и идеологијата на ВМРО, која набргу ќе стане светост за Сандански.Како што подоцна ќе каже Сандански: “Во тоа време веќе работите во Македонија ми беа прилично ујаснети, многу работи узнав од Малешевски, а од друга страна и од Делчев, со кого за првпат се сретнав во 1899 год. Делчев убаво ми ги објасни целите на внатрешната организација…“АФЕРАТА МИС СТОННабргу, веќе во 1901 год. Сандански ја започнува својата борба за слобода на Македонија. Македонските чети во тој период имале голем проблем во недостатокот на оружје и муниција.Размислувајќи како да го реши проблемот, Сандански најпрво предложил тој со своите комити да го киднапира бугарскиот кнез Фердинанд (тогашниот владетел на Бугарија, кој подоцна станал и цар на Бугарија) кога овој требало да дојде во посета на Рилскиот манастир.Но Гоце Делчев веднаш се изјаснува против таа идеја која му се видела опасна, затоа што Македонците освен турската, против себе ќе ја имале и целата бугарска војска доколку го киднапирале владетелот на Бугарија.Затоа Сандански и неговите приврзаници решиле да го киднапираат Турчинот Сулејман бег од Горна Џумаја (денешен Благоевград) и да бараат од Турците откуп за него. Но и оваа акција била откажана заради болест на бегот.Наредната опција на Јане била да го киднапира протестантскиот мисионер во Солун д-р Хаус. Но Хаус го одложува своето патување, и наместо него ја праќа американската мисионерка Елен Стон, која во Банско (Пиринска Македонија) станува непланиран плен на ВМРО.Сандански со своите комити успева 6 месеци успешно да ги крие киднапираната Стон и нејзината придружничка Катерина Цилка, и на крај да земе откуп за нив - 14.500 турски лири, со кои било купено оружје за организацијата.РАСКОЛОТ ВО ВМРО, Врховистите – слуги на бугарскиот дворВо тој период почнуваат и обидите на Бугарија да ја стави под своја контрола Македонската револуционерна организација.За жал, на страната на Бугарите подоцна застанува и еден Македонец – Борис Сарафов (роден во с.Либјахово, Пиринска Македонија), човек кој секогаш се декларирал како Македонец, но неговиот превртлив карактер и желбата да биде на чело на ВМРО направиле подоцна да стане десна рака на Бугаринот Гарванов и орудие во рацете на Бугарите.Сарафов од 1899 до 1901 год. бил на чело на ВМК (Врховниот македонски комитет) во Софија, кој бил формиран од Македонци кои биле офицери во бугарската армија, и кој имал за задача да му помага на ВМРО во Македонија снабдувајќи го со оружје, муниција, инструктори…На почетокот ВМК е на македонски позиции и со промакедонски ставови.Сарафов во тој период многу добро соработувал со Гоце Делчев.По апсењето на Сарафов во 1901 год. (затоа што нарачал убиство на еден романски новинар кој пишувал против ВМРО), бугарскиот двор го искористува тој момент, и на чело на ВМК во Софија доаѓа бугарскиот генерал Иван Цончев.Цончев набргу влегува во конфликт со Гоце Делчев и Ѓорче Петров затоа што сакал да ја стави ВМРО под бугарска контрола.По излегувањето од затвор, Сарафов се договара со Делчев и Петров да замине во Европа и од таму да обезбедува и да праќа пари за Организацијата.Сарафов бил харизматичен и привлечен човек и тоа го користел да запознае богати жени на своите патувања низ Европа. Покрај тоа стапувал во контакт и со луѓе кои се финансиски моќни и запознавајќи ги со македонското револуционерно дело, праќал пари за Организацијата.Проблемите настануваат по враќањето на Сарафов во 1903 година.Бугарите Цончев и Гарванов веќе на големо почнале да ја спроведуваат агендата на бугарскиот двор, и почнале да заговараат кревање на востание во Македонија, велејќи дека штом Македонците ќе се кренат, на помош ќе дојде Бугарија.Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Јане Сандански, Владислав Ковачев и другите Македонци биле категорично против мешањето на Бугарија и против востание, затоа што сметале дека организацијата нема доволно оружје и народот не е подготвен за востание.Сарафов наместо да ги поддржи Делчев и Сандански, застанува на страната на Бугарите Гарванов и Цончев.Двете страни започнуваат агитација на теренот, а набргу потоа и војуваат со свои чети меѓу себе.Врховистите започнуваат да уфрлаат чети од Бугарија во Македонија со цел да испровоцираат предвремено востание.Сарафов се свртува против својот народ – Македонците.Превртливиот Сарафов набргу станува трн во окото на Македонците кои останале доследни на идеалите на ВМРО.Тоа најдобро е опишано во претсмртното писмо на Христо Узунов од 1905-та.Опколен заедно со својата чета од Турците кај селото Цер, Узунов остава едно писмо кое останува завет за оние кои ќе ја продолжат борбата.Во писмото меѓудругото ќе напише:“…Мојот последен совет до сите другари е да бидат искрени кон делото, зошто само искреноста и често срдечноста ја издигнале внатрешната организација, и пак тие ќе ја спасат од аномалноста во која е поставена од недобросовесни наши другари.Да гледате колку што е можно побрзо да ги уништите оние раководни сили во организацијата кои му нанесле само штета на делото, како што е Сарафов…“САНДАНСКИ – БОРЕЦ ПРОТИВ БУГАРСКАТА ПРОПАГАНДАПо убиството на Гоце Делчев во Баница 1903, во наредните три години, до 1906, загинуваат скоро сите истакнати војводи на ВМРО ( Питу Гули, Никола Карев, Јордан Силјанов – Пиперката, Методија Патчев, Христо Узунов, Ѓорѓи Сугарев, Даме Груев, Славејко Арсов, Сава Михајлов, Леонид Јанков, Александар Турунџе, Лазар Поп Трајков…).ВМРО е десеткувана и обезглавена.Јане Сандански останува последна брана пред наездата на бугарската пропаганда и влезот на врховистичките чети во Македонија.Неговите привразници (Санданистите) од Серскиот револуционерен округ на чие чело бил тој, воделе постојани борби со врховистичките чети кои биле уфрлaни од Бугарија а биле предводени од врховистичките војводи Јурдан Стојанов и Дончо Златков.На почетокот на Април 1905, бугарскиот капетан Јурдан Стојанов влегува со чета од Бугарија во Пиринска Македонија. Намерата како што изјавувал му била: “Или главата на Сандански, или мојата глава ќе падне“.Кај селото Кашина – Мелничко, четата на Сандански ја разбила бугарската чета на Стојанов. 7 бугарски четници биле убиени, 43 заробени а капетан Стојанов бил ранет и едвај успеал да побегне назад во Бугарија.По овој настан во Софија се кренала невидена хистерија и хајка против Сандански. Бугарските весници со сите сили се труделе да го оцрнат “борецот за македонската независност“.Но Сандански за Македонците во Пиринско станува поим за беспрекорен револуционер и храбар војвода, и од нив ќе биде наречен Пирински цар.Тој во нивните очи станува човек со огромен морал, чесност, патриотизам и верност кон својот народ.Не само што не дозволувал Турците и Бугарите да прават зулуми над Македонците, туку ги казнувал и членовите на ВМРО кои се одметнувале, го пљачкале народот и вршеле разни злосторства врз него.Освен со Бугарите, Сандански морал да се справува и со заблудените глави, каков што бил Сарафов.Сарафов неможејќи да влијае во југоисточна Македонија каде што било силно влијанието на Сандански, пропагандата ја насочил во Битолскиот револуционерен округ каде успеал да придобие неколку раководители.Сарафов не пробирал какви луѓе ќе земе под своја команда.За разлика од Сандански кој секогаш одбирал сигурни, чесни и поверливи луѓе, Сарафов врбувал и неморални лица, зулумџии, луѓе истерани од ВМРО заради грабежи и насилства врз населението.Се обидувал на секаков начин да собере луѓе во Македонија со кои ќе му се спротистави на Сандански.Сандански многу добро ја оценил опасноста од расколот во ВМРО. Во една окружница од 1905, потпишана од него и испратена до околиските раководства во Серскиот округ, Сандански пишува:“ Јасна е каква опасност претставува за самостојноста на Организацијата таа нова струја во неа. Додека врховизмот играше со отворени карти, Сарафов се служи со најподмолни средства и на секој начин се труди да не биде сфатен како одделна струја во ослободителното дело…Македонија не треба да бара помош надвор од себе, туку во самата себе. Нејзината слобода не ќе биде подарок, туку крвав откуп, платен со илјадници жртви какви што ние дававме и продолжуваме да даваме...“-САНДАНСКИ СЕ ПРЕСМЕТУВА СО ВРХОВИСТИТЕЈане Сандански сосем случајно открива дека врховистите подготвуваат негова ликвидација.Во Септември 1907, Тодор Паница (еден од најблиските луѓе на Сандански) бил на гости кај својот кум Михаил Даев.Даев бил војвода во Драмско и близок човек на Сарафов и Гарванов. Тој бил опоменат од Серскиот округ за неактивност и добива укор.Сарафов и Гарванов сакајќи да ја тргнат последната пречка за продор на врховизмот во Македонија, му го ветуваат на Даев местото на Сандански на чело на Серскиот округ доколку го убие.Даев го повикува Паница кај себе дома и решава да му каже дека се договорил со Гарванов да го ликвидираат Сандански. Притоа бара согласност од Паница. Паница не верувајќи во она што го слуша му дава согласност.Даев решава да прати едно писмо до Гарванов во кое пишувал за убиството на Сандански. Мислејќи дека Паница е на негова страна, му го дава писмото.Иако Даев му бил кум, Тодор Паница наместо на Гарванов, писмото му го предава на Јане.-На 10 Октомври 1907, Окружниот комитет на Серскиот револуционерен округ на чело со Јане Сандански, ги осудува на смрт Иван Гарванов, Борис Сарафов и Михаил Даев.На 30 Октомври, Михаил Даев знаејќи дека е откриен и сослушувајќи ја смртната пресуда, бара одобрение сам да ја исполни. Откако писмено ја образложил целата завера против Сандански и напишал неколку проштални писма, му било дозволено да се застрела со својот револвер. Даев се самоубива.На 27 Ноември 1907 во Софија, во домот на Сарафов каде што биле на вечера, Тодор Паница ги убива Иван Гарванов и Борис Сарафов.Само среќата му го спасува животот на уште еден врховист и македонски изрод – Христо Матов, кој тој ден не дошол на вечера кај Сарафов заради нерасположение.По убиствата на Сарафов и Гарванов, на чело на врховистите застанува Христо Матов.Во Мај 1908 година, врховистите ќе одржат конгрес во Ќустендил, каде ќе го осудат Јане Сандански на смрт.МЛАДОТУРСКАТА РЕВОЛУЦИЈАСо Младотурската револуција од 1908, Македонците помислиле дека конечно Македонија ќе добие своја самоуправа во рамките на Турската империја.Младотурците тоа им го ветиле на македонските револуционери.Јане Сандански и неговите соборци го оставиле оружјето и слегле во градовите. Сандански и неговите комити влегле во Неврокоп (денешен Гоце Делчев), а потоа на 15 Јули 1908 година и во Солун.На плоштадот во Солун Сандански одржува говор, во кој остро ќе ги жигоса дотогашната турско-султанска управа, апелирајќи на сплотување на сите националности и предупредувајќи дека Македонците повторно ќе го земат оружјето в раце доколку не добијат загарантирана слобода.Серчани предводени од Јане почнуваат да го печатат весникот “Конституциона зора“.Осоновата на новата програма на Санданистите е барањето на обласна самоуправа за Македонија во рамките на реформираната Турција, и барањето за полна рамноправност на сите етнички и верски групи.Санданистите барале и спроведување на аграрна реформа, со која на македонските селани би им била вратена одземената земја од ТурцитеКако што подоцна ќе напише Русинот Водовозов, Сандански во еден разговор му рекол:“Ние сега добивме можност за отворена борба во легални форми, ние веќе не сме ѕверови што ги прогонуваат, ами граѓани, ние можеме да работиме на реформирањето на татковината и нашиот труд не ќе остане бесплоден…Ние имаме своја аграрна реформа, тесно поврзана со нашата општа програма: првата се изразува низ барањето на конфискација на земјата од чифликсајбиите и нејзино враќање на селаните, а втората (политичката) е барањето за Македонија како автономна област во рамките на Отоманското царство…Но најмногу од се се плашиме од тоа нашите “мили пријатели“ – Бугарите, Србите и Грците да не дојдат да не “ослободуваат“.-ПРВ АТЕНТАТ ВРЗ САНДАНСКИСандански за цело време работел на обединување на македонските револуционерни окрузи. Освен Серскиот на чие чело стоел, успеал да ги придобие и Струмичкиот и Солунскиот револуционерен округ и да ги оттргне од влијанието на врховистите.Не запрел тука. Преку Пере Тошев се обидувал да го придобие и Битолскиот округ, а преку Петар Поп Арсов и Скопскиот револуционерен округ.Сандански сакал да организира нов конгрес во Солун, на кој сакал да создаде нова револуционерна организација, која нема да биде под контрола на Бугарија и на врховистите.Конгресот бил закажан за 25.09.1908.На 24 Септември вечерта, откако се вратил од обиколка на Серскиот округ, тој со своите комити седнал во Бошнак Ан во Солун. Прелистувајќи ги дневните весници не забележал кога во анот упаднале четворица врховистички платеници кои веднаш почнале да пукаат кон Јане и неговата придружба.Сандански бил ранет во вратот, а двајца од неговите комити биле убиени.Бугарските платени убијци успеале да го спречат одржувањето на конгресот на кој требало да дојде до обединување на македонските револуционерни сили.Но не успеале да ја скршат волјата и упорноста на Сандански.Во Август 1909, македонските револуционерни комитети ја формираат Народната Федеративна Партија – НФП, која продолжува политички да ја застапува програмата на Санданистите.На основачкиот конгрес учествувале 33 делегати од цела Македонија. Најмногу имало од Серскиот, а најмалку од Битолскиот револуционерен округ.Иако Сандански немал функција во централното раководство на партијата, тој останал нејзин идеен водач, а Серскиот округ – столб на НПФ.-ВТОР АТЕНТАТ ВРЗ САНДАНСКИБугарските слуги – врховистите не мирувале.Само 4 дена по основачкиот конгрес на НПФ, на 14 Август 1909, врховистите повторно ќе се обидат да го убијат Сандански.Сандански и тројца негови придружници движејќи се по една улица во Солун, непосредно покрај Отоманската банка, од зад грб биле нападнати од врховистичките бугарските платеници кои ги чекале во заседа. Врховистите почнале да пукаат и повторно го раниле Сандански.Пиринскиот цар го преживеал и овој атентат. Бил ранет во градите и набргу пренесен кај познатиот солунски доктор Тенчев.После седум дена лекување, Сандански повторно бил на нозе.По неуспехот на Младотурската револуција, се заостриле односите меѓу Сандански и Турците, кои не го исполниле она што им го ветиле на Македонците.Македонските револуционери останале предадени.БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ ЗА ПОДЕЛБА НА МАКЕДОНИЈАНабргу потоа, во 1912 започнуваат Балканските војни против Турската империја, односно како што нагласувале балканските држави за “ослободување на Македонија“.Сандански во тој период се наоѓал во Мелник.Македонците немајќи друг избор се вклучуваат во редовите на балканските сојузници против Турците, гледајќи во тоа можност за конечно ослободување на Македонија. Но…Како што подоцна прецизно ќе напише Водовозов:“ Во 1912 стана она од кое тој (Сандански) најмногу се плашеше. “Милите пријатели“ – Бугарите, Србите и Грците склучија договор за делба на Македонија и се зафатија неа да ја “ослободуваат“. Што можеше да стори Сандански? Тој и сега, како и порано беше убеден дека само целосна и автономна Македонија може непречено да се развива, но мораше да согледа дека остварувањето на овој план се покажа како невозможно. Му преостануваше од неколку зла да го избере најмалото… И Сандански формираше свои посебни чети со кои се бореше заедно со Бугарите против Турците, но не откажувајќи се од својот принцип – Македонија на Македонците, и не губејќи ја надежта дека иднината ќе му даде можности да го оствари тој принцип…“Во текот на Првата Балканска војна, Сандански ги организирал и ги предводел доброволечките одреди од Серскиот округ, кои многу придонеле за разбивање на турските единици на фронтот.По влегувањето на одредите на Сандански во Солун, на еден банкет приреден од бугарскиот генерал Тодоров, Сандански наздравил со зборовите: “Да пиеме за успехот на слободна и автономна Македонија“.Бугарските офицери кога го слушнале тоа се насукале со сабјите кон Сандански, а од другата страна кон нив тргнале комитите на Јане. Интервенцијата на генералот Тодоров спречила крвав инцидент.По завршувањето на Балканските војни се потврдиле стравувањата на Македонците. Македонија останала поделена меѓу Србија, Бугарија и Грција.Пиринскиот дел на Македонија остана окупиран од Бугарија.-Во текот на својот живот Сандански преживува неколку атентати организирани од бугарските слуги – врховистите.Последниот пат, на 22 Април 1915, патувајќи од Мелник за Неврокоп, кукавички е убиен во заседа на Пирин планина.Пиринскиот цар го завршува животот во својот духовен дом – Пирин.Убиството на Јане дојде од оние кои во 1907 му изрекоа смртна пресуда – врховистите и бугарскиот двор.ВОДОВОЗОВ ЗА САНДАНСКИРускиот писател и публицист Василиј Водовозов ( Василий Васильевич Водовозов) на првата годишнина од убиството на Сандански, ќе напише куса биографија за него.Во неа меѓудругото стои:“ Јас повеќе пати сум се среќавал со Сандански во различни моменти од неговиот живот. Малкумина луѓе на Балканскиот Полуостров ми имаат оставено таков силен, таков целосен и таков длабок впечаток каков што ми има оставено овој поборник за македонската независност. Од него зрачеше најпотполна храброст, самоконтрола, и огромна, непоколоеблива енергија.Се чувствуваше дека со својот тивок, длабок глас, тој умее да дава наредби, кои во критичните моменти никој не се решаваше да не ги исполни. Неговото огромно честољубие беше совршено видливо……Макар што му недостигаше што годе сериозно образование, тој беше човек со голем ум, со превосходно познавање на Македонија и македонскиот народ, и со истенчено чувство да се ориентира во политичките прашања на секој даден момент. Сред македонското селанство, Сандански уживаше огромна популарност…“#“Јас не очекувам скорешно ослободување на Македонија. Тоа може дури и да не дојде додека сум јас жив. Но јас сакам да го зачувам народот и да го организирам, и доколку се случи тоа, тој ќе ја извојува својата слобода и без мене“- Јане Сандански
https://ceb.revues.org/docannexe/image/1192/img-6.jpg

Support

temelko

Comments (1)

о7