Published in Republic of Macedonia (FYROM) - Political debates and analysis - 05 Jan 2017 15:11 - 7

Добар ден, среќна нова на сите и среќни празници ! 

Месецов помина супер, го постигнавме тоа што го сакавме, мирно седевме на бонусите, не губејќи ги ни за еден ден и не трошејќи премногу за да ги задржиме истите. Неколку случаи со оверкилови, повеќето удари за Македонија и добро координирање во приоритетите на битките за што мора да се пофали Riven

Со доаѓањето на нов месец и нов мандат, следејќи ги правилата на нашиот сојуз, задолжително мораше да биде дискутиран НАП со избришената земја, нашиот јужен сосед. Од друга страна игра е, ние неколку пати добивме НАП кога не мораа да ни дадат и Грција во прошлиот период изгуби многу играчи кои прекинаа да играат што мене лично не ми е сатисфакција. Сепак условите за НАП не им се допаѓаа и сега и истиот го одбија по што преговорите за НАП ќе продолжат по менување на мапата и воведувањето на промени, кога веројатно условите ќе им бидат подобри. Заради тоа сега подготовките за најавените нови тренинг центри (intelligence) треба да се водат паралелно со активни битки.

Во преден план за престојните измени во играта ќе биде да што е можно повеќе играчи направат q4 тренинг центар од првиот ден на воведувањето. Засега од пополнетите формулари 29 играчи пополниле дека веќе имаат голд за да направат q4, 19 дека им фали помалце од 50 голд, а 24 дека им фали повеќе од 100 голд. Повеќе за тоа во наредната статија. Имајќи во предвид дека не сите играчи пополниле, верувам дека бројка од 50-60 играчи од прв ден со максимум тренинг центар ќе биде солидна бројка и веројатно реално изводлива.
Покрај помош за тренинг центрите штом дознаеме колку RAW ќе бараат и колку бродови ќе даваат новите фирми, ќе знаеме и колку државни фирми за оваа индустрија ќе направиме, но во преден план се тренинг центрите и помошта на играчите за истите. 

Утре или задутре статија од владата за конвертирање на ЦЦ по државен курс за RAW, HRM и RAW од новата индустрија а истотака и конвертирање за тренинг по државен курс за наредни 30 дена.

На воено поле во новиот воен модул што следува, не се знаат многу детали што како ќе функционира и колку ќе чини, па затоа и некои планови сеуште не може да се развиваат.  

Што се однесува до тимот за овој месец:

Министер за одбрана (МоД) Resident Evil  
Министер за надворешни работи (МоФА) ATEHTATOPOT 
Гувернер damjanku 
Премиер Bocee  
Министер за образование, едукација и информирање Riven 

Останати членови на владиниот тим: AquilamkSugarevMK.

Помагајте си едни на други. Заедно сме посилни. ◄
ATEHTATOPOT

Support

Resident EvilBoceeKristijanMKDFilip888225voozITZMEAKDODORivenRivenRivenqMAKEDONECqTRTET

Comments (7)

o7
v
o7
o7
o7
o7
o7