11 - Published in Republic of Macedonia (FYROM)
- Political debates and analysis - 6 years ago
Здраво ерев Македонци и Македонки
Најпрвин да ви се преставам како профил на играч за тие што не ме знаат. Јас сум МајтиРед, играч на сите браусер игри од овој тип (некоја подолго време, некоја пократко). Играч кој се залага за доброто на државата и никогаш не земал друго државјанство без разлка на состојабата на државата и кој ја води. Играч кој знае да организира коа е потребно. Играч кој мрчи по канали и по шаути коа некој не работи како што треба, прави грешки или е многу пасивен. Играч кој цени што мислат другите, но на крај сам ја донесува одлуката (голем удел во мислењето ми даваат другите).
Кога ја започнав играва решив да бидам малце попасивен, да си терам бизнис, да отворам компании и да се фокусирам на економија, да растам со голд и да помогнам понатака. Тенк никогаш не сум сакал да бидам, нема ништо интересно во тоа да киснеш на канали за храна и оружје (ИНАЧЕ И ТЕ КАКО СЕ ПОТРЕБНИ ТАКВИТЕ). Е сеа, сето тоа ми беше оневозможено бидејќи државата се ориентираше во сосема погрешен правец!!! Зашто? Зашто главните луѓе се ориентираа на надворешните работи, пред внатрешните. Одбираа алијанса поради сопствени убедувања, пред интересите на државата. Купуваа лебови и оружја за делења, а не отворија ни една фирма за луѓето. 20 дена поминаа од играта, уште минимална плата е 1мкд.
Што е мојот план?
Воен план
За почеток ќе остане како што е. Ќе пробам да работам со истата алијанса со таа разлика што на МАКЕДОНИЈА НЕ И Е ПОТРЕБНА ВОЈНА. За почеток ќе пукаме само за алијансата во директни битки (тенкови ќе бидат финансирани од државата за востанија во сојузнички земји), со што би створиле добро јадро на пријатели.
Ќе се обидам со моите стари познанства да потпишам НАП со Грција. НАПот ќе има важност до крајот на мојот мандат, со клаузула, доколку се согласат двете земји, да имаме само ИСКЛУЧИВО ТРЕНИНГ ВОЈНА. Само на едниот од нападите ќе има DAILY ORDER, додека другиот напад ќе биде коплетно игнориран (што не беше случај со Албанија и ни донесе уште еден непријател, покрај постоечкиот).
Економски план
Секој што ме познава, знае дека сметам дека економијата е главен фактор во играта. Нашиот пазар е КОМПЛЕТНО МРТОВ, монетари маркет не праам муабет. Оружје нема за леб во државава освен во посед на поединци.
Ќе отворам 10 државни фирми од кои 6 ќе бидат за RAW материјали за оружје и жито, ќе напраам систем на REFOUND за војници и работници. За останатите, ќе предложам минимална плата, со која и најобичниот играч работејќи кај поединец ќе може да си купи минимум 200 ЕНЕРГИЈА (заразлика од постоечките 20 енергија кои може да си ги купиш со платата). Ќе ставам закони за такси, односно комплетно ќе ги променам овие, со продавање на леб и raw материјали, буџетото ќе се наплни за миниумум 3 пати. Со кревањето на минимална плата, ќе престане ова лудило на маркетот за работа на гонење нови играчи да ти работат за ИЧ пари и хранење само за себе.
Ќе напишам сосема нов туторијал за нови играчи, играчи на кои ќе им биде кажано дека имаат можност да работат во своите фирми, и дека место да работат кај поединци, можат да работат за себе и да произведат доволно леб за да излечат 500 енергија со што би извршиле DAILY ORDER.
Можам да додадам дека сум целосно незадоволен од досегашниот претседател и неговата работа бидејќи ништо не направи. Цел мандат го фокусира на стварање имагинарни пријателства со држави кои се релативно послаби од нашите противници. Ги става своите интереси пред интересите на Македонија заради свои убедувања. Истиот не направи ништо за економијата, не донесе ебан денар во каса, не доби Македонија грам злато во касата, туку напротив само ја исцица, без неква корист. Неговата целосна работа креирајќи пријателства се одрази на тоа да бидеме ЦЕЛОСНО ИЗБРИШАНИ и важиме за првата држава која е избришана од противничката алијанса. Тоа кажува колку добри пријатели имаме. Истото тоа НОВО потпишување на MPP со тие држави иде делумно на трошок на државата.
СЕ МОТАМЕ ВО КРУГ И НИШТО НЕ ПРАИМЕ 20ТИНА ДЕНА. ЗНАЧИ УШТЕ СМЕ НА ПОЧЕТОК. Односно не сме на почеток, на почеток ги имавме сите територии и голд во трезор. Сеа ни имаме голд ни ги имаме сите територии. Затоа барам поддршка од Претседателот на партијата Goodbear да ми даде мандат за да бидам гласан и да може да му бидам против кандидат на досегашниот претседател.
п.с. Бидејќи местата во мојата влада се целосно отворени за сите, доколку се сметате за компитабилни, слободно пријавете се во коментар (се сакам да биде ЈАВНО И ГЛАСНО) и ќе бидете одберени доколку победам на изборите.
п.п.с не сакам да бидат луѓе кои претходно се пријавиле во кабинетот на владата на досегашниот претседател (а слободно може досегашните членови на владата да се кандидираат кај мене, истото важи и за мојот противкандидат доколку ги загуби изборите)
п.п.п.с Очекувам мојот контра кандидат да направи отчет за тоа што направил до сега и да ме побие со аргументи доколку не сум во право 3
Поздрав и секое најдобро, MightyRed за MightyNews
Support
Forever